(ВИДЕО) Костадинов: Ако ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на закон треба да бидат на 21 јуни

Од:

„Актуелната ситуација бара одговорност, зрелост и совесност од сите, вклучително и од политичките субјекти во нашата држава .

За СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три клучни приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант за силна демократијата.

По ставањето на пандемијата под контрола, силно се посветивме на носење економски мерки за брза трансформација на економијата. Сега, потребно е градење на функционални и институции со целосен легитимитет. Затоа потребни ни се парламентарни избори во првиот можен рок.

Според Комисијата за заразни болести и според надлежните институции, создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, секако со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Дека има услови за одржување на изборите, говори и позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во Република Северна Македонија.

Согласно законските одредби и Уредбата со законска сила на Владата, изборите треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба. Во случај таа да заврши на 30 мај, изборите треба да бидат на 21 јуни.

Имаме распуштено Собрание за чие распуштање гласаа сите политички партии, имаме техничка Влада по пржински модел, на крајот имаме и распишано избори од страна на претседателот на Собранието, кои беа одложени заради коронакризата. Оттука нема никакви пречки процесот да продолжи и изборите да бидат на 21 јуни.

Не смееме и со сигурност нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја втурне нашата држава во лош правец, само затоа што тие се плашат од изборно соочување.

Токму Мицкоски се согласи за избори на 12 април. Токму ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржаа распишување на изборите , влезе во техничка влада, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури имаат и свое бројче на гласачкото ливче.

Сега, Мицкоски единствено може да бира дали ќе води изборна кампања или нема да води изборна кампања , а неговата партија во секој случај ќе се најде на избирачкото ливче.

Сега, Мицкоски единствено може да бира дали ќе води изборна кампања или не, а неговата партија во секој случај ќе се најде на гласачкото ливче.

СДСМ е одговорна партија и како и досега дава шанса на консензусот за важни прашања, но доколку нема договор и доколку продолжи незрелоста и неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни, односно 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, во случај да не се продолжи.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија заради функционални институции“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он