(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Од:

Вицепремиерот во владата на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, учествувал на прослава во Република Српска заедно со „Ноќните волци“ на Путин. Сега Соединетите Американски Држави и Европа јасно гледаат со кого Мицкоски, Стоилковиќ и Максим се „стратешки партнери“: Ноќните волци на Путин. Кои се другите „стратешки партнери“ на Мицкоски и Стоилковиќ, освен бизнис-партнерите од СНС? Тука е Никола Селаковиќ, српски министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот, изјави Симона Цветановски, членка на ИО на СДСМ.

– Скандал поради кој зетот на Трамп се повлече од проект токму поради сомнежи за корупција и криминал. Тука е и Алта банка, со сомнителен капитал кој бил одбиен од Европската Унија но ВМРО експресно ја реализираше во Македонија. Што е заедничко за сето овие луѓе: сомнителен капитал, криминал и корупција. Кога Максим од тендер коалицијата на Мицкоски зборува за мафијашки филм на ова очигледно мисли.

Прашањето е дали вака ВМРО го покажува своето „стратешко партнерство“ со САД? Дали и путиновите „Ноќни волци“ се „билатерално наметнати“, како што Мицкоски се обидува да ги оправдува сопствените политики за изолација на земјата? И дали утре, ако САД реагираат на тоа што неговиот вицепремиер слави со „Ноќните волци“ на Путин и со луѓе обвинети за криминал и корупција, повторно ќе слушнеме дека станува збор за нешто „наметнато“? Она што го говори СДСМ секојдневно се потврдува. Паниката кај власта е толку голема откако САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата. Одговорност ќе има, нагласува Цветановски.

Сите ќе одговарате.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија