Ученици од нашата држава освоија медали на третата Балканска олимпијада по физика

Од:

На третата Балканска олимпијада по физика, што се одржа од 24 септември до 2 октомври, сите ученици кои ја претставуваа нашата држава добија медали. Сребрен медал добија учениците Јан Стојановски – втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и Мајкл Георгиевски – трета година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Бронзени медали добија ученичките Емилија Николовска – втора година во „Математичко – информатичка гимназија“ и Сандра Недановска – трета година во ПСУ „ Јахја Кемал“, и двете од Скопје.

Водачи на тимот на Третата Балканска Олимпијада беа м-р асс. Христијан Кочанковски – лидер и проф. д-р Ламбе Барандовски – заменик лидер.

Третата Балканска Олимпијада по физика е организирана од Балканското унија на физичари и Бугарското друштво на физичари.

Поради ковид пандемијата Oлимпијадата се одржа на далечина, а локални организатори беа Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На Oлимпијадата учествуваа 57 ученици од нашата држава, од Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Романија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Туркменистан, Казахстан и Иран.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска