Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара 475 милиони долари

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужба за клевета против Си-Ен-Ен.

Трамп бара и отштета од 475 милиони долари, тврдејќи дека телевизијата спровела „кампања за клеветење“ против него.

Трамп тврди во неговата тужба, поднесена во Окружниот суд на САД во Форт Лодердејл, Флорида, дека радиодифузерот го искористил своето влијание како водечка телевизиска куќа за да го порази политички, објави Ројтерс.

Трамп во тужбата тврди дека Си-Ен-Ен користел клеветнички етикети против него како „расист“, „руски лакеј“, „бунтовник“ и „хитлер“.

Според Ројтерс, Си-Ен-Ен одби да го коментира случајот.

Би можело да ве интересира

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

(ВИДЕО) Трамп ја отпушти Кејти Закарија, една недела откако ја назначи за портпарол на Белата куќа

А1он

Лукашенко до Трамп: Не одлучуваш ти, украинскиот народ ќе одлучи!

А1он