Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Од:

Стручниот штаб на кошаркарката репрезентација на Македонија, заедно со раководството на федерацијата, одлучи да натурализира нов плејмејкер кој ќе помогне во наредниот период, а почнувајќи од вториот круг на претквалификациите за Европското првенство во 2025 година. Тоа ќе се оствари со ангажманот на Ти Џеј Шортс.

Тој се наоѓа на списокот на селекторот Александар Јончевски за ноемврискиот циклус во кој на домашен терен играме против Норвешка и Данска, на 10. односно на 13. ноември во Гевгелија.

Ти Џеј Шортс е американски плејмејкер кој од пред неколку месеци е член на бундеслигашот Телеком Бон, а и претходните две сезони играше во германското првенство. По една сезона помина во Хамбург Тауерс и Краилсхајм Мерлинс, а првата професионална година во европската кошарка ја помина во летонскиот Вентспилс.

Минатата сезона бил најдобар стрелец (20,6 поени) и играч со највисок просечен индекс во Бундеслигата (22,3).

Би можело да ве интересира

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим

Стојан Ѓуроски надвор од кошаркарските терени следните два месеца

А1он

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Бајиќ: Ја загубивме енергијата во вториот дел

Ана Ололовска