Таравари: Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија

Од:

Претседателот на Алијснса за Албанците, Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса остварија средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу, и амбасадорката на Република Грција, нејзината екселенција Софија Филипиду.

На средбата, страните се согласија за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително.

Претседателот Таравари нагласи дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

Таравари ја напушта Владата и ќе биде опозиција

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ