Страшно семејно насилство во Белград: Братот не претепа со пиштол

Од:

Полицијата во Белград по кратка потрага го уапси С.М. поради сомнение дека извршил семејно насилство кога крвнички со тупаници и пиштол ги претепа своите полубраќа.

Полицијата тврди дека е уапсен С.М.(42) од Белград поради сомнение дека со пиштол ги претепа своите полубраќа И.М и Л.М., при што им им нанесе тешки повреди.

Драмата се случи во семејниот двор во Чукарица, каде С.М., како што тврди претепаниот И.М., прво ги намами браќата, а потоа ги претепа. Како што потврдија од Второто основно јавно обвинителство во Белград, за сторено кривично дело недозволено поседување оружје и семејно насилство се товари С.М.

– Ден пред да не нападне, С.М му се јави на брат му Л.М и му побара пари: „Имаш пари, ми требаат итно за некоја работа?“. Бидејќи немаше пари со себе, го одби. Еден час подоцна ни се јавува С.М. да дојдеме кај него под изговор дека нешто му требаме – вели И.М и додава дека тој и неговиот повреден брат отишле во куќата на неговиот полубрат, која се наоѓа во истиот двор. С.М. беше гол до половина и мафташе со пиштол кога се приближивме до куќата. Ова беше првпат физички да не нападне, бидејќи дотогаш само се расправавме. Мислам дека бил издрогиран и луд – вели И.М.

И.М. тврди дека братот потоа почнал да ги тепа со пиштол.

– Ме удри со пиштол во главата и почна да ми тече крв по лицето. Не можеше да се контролира, па го претепал и другиот свој брат. Потоа тој побегнал, но подоцна беше уапсен – вели И.М и додава дека неговиот брат веќе неколку години „прави хаос“.

Би можело да ве интересира

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

(ВИДЕО) Изгорени десет автомобили во Нов Белград, се истражува дали пожарот е подметнат

Горан Наумовски

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Почина човек на Ада Циганлија во Белград

А1он