СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокади и да се престројат на страната на граѓаните

Од:

„Со месеци Христијан Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер. Заради остварување на неговите хирови, тој и неколку негови соработници, со месеци ја лажеа јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.

Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата само за тој да си ја задржи фотелјата во белиот дворец“, велат од СДСМ.

„На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец.

Внатрешните пресметки за превласт во белиот дворец Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги прекршат врз грбот на граѓаните.

Ако навистина се за интересите на граѓаните, а не за интерсите на Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престанат со деструкциите и да научат нешто од дебаклот што го доживеаја.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се вразумат и конечно да се престројат на страната на граѓаните и државата.

Со или без нивната поддршка, реформите во интерес на граѓаните продолжуваат, ќе продолжи и напредокот на државата“, соопштуваат СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски