А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Санкциите на САД ги попречуваат спасувачките операции во Иран

by А1он02/04/2019 - 16:48223
Share0

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави дека санкциите што минатата година ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги попречуваат операциите за спасување во подрачјата погодени со поплави, во кои настрадаа 45 лица.

Добивај вести на вибер

Зариф на Твитер напиша дека политиката на „максимален притисок“ на Америка врз Иран ги спречува напорите за помош на иранската Црвена полумесечина на сите заедници уништени од поплавите.

Тој истакна дека санкциите го спречиле Техеран да ја добие неопходната опрема, вклучувајќи и хеликоптери за помош.

– Ова не е само економска војна, ова е економски тероризам, напиша Зариф.

Иран се соочи со големи поплави изминатите две недели, а во некои места е прогласена вонредна состојба.

Локалните власти во погодените подрачја во повеќе наврати бараа да пристигнат хеликоптери до оддалечените и граничните локации.

Иранските државни медиуми јавија дека десетина воени и ирански хеликоптери на Црвената полумесечина учествуваат во спасувачката операција.

Велика Британија и Германија понудија да пратат помош, вклучувајќи и чамци и безбедносна опрема. паг/ми/

iran

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранците уништија станбена зграда во Хаифа, има повредени, луѓе се уште се закопани под урнатините

Горан Наумовски05/04/2026 - 21:38

Велика Британија стана директен учесник во конфликтот во Иран

Горан Наумовски05/04/2026 - 21:20

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Горан Наумовски05/04/2026 - 20:49

Трамп одбројува: „Вторник, 20 часот“

Горан Наумовски05/04/2026 - 20:29

Иран: Најмалку петмина убиени во израелски напади врз петрохемиски постројки

Горан Наумовски05/04/2026 - 20:19

Абдулахи до Трамп: Портите на пеколот ги чекаат агресорите

Горан Наумовски05/04/2026 - 20:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто