Два ловци Ф-16 го имале на нишан авионот на Ердоган-мистерија зошто не пукале

Од:

Авионот со кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во ноќта на пучот кога се враќаше од одмор, за време на летот бил на мета на два борбени авиони Ф-16.

Но сепак, од авионите не било пукано во авионот на Ердоган и тој продолжил со летот кон Истанбул.
Турскиот лидер се врати во Истанбул од летувалиштето во Мармарис, каде што беше на одмор кога во петокот вечерта се случуваше пучот.

-Авионот на Ердоган беше на нишан на најмалку два воени ловци Ф-16 додека леташе кон Истанбул. Со авионот на Ердоган пак имаше други два ловци Ф-16. Зошто пучистите не пукале, засега е мистерија, изјави поранешен воен офицер запознат со инцидентот.

Турски функционер на повисока позиција за Ројтерс потврди дека два ловци кои биле управувани од пучистите летале во близина на авионот на Ердоган, но сепак тој успешно слетал во Истанбул.
Тој подоцна изјави дека за време на државниот удар имало обид да го нападнат во Мармарис каде го бомбардирале местото, но откако заминал.

Медиумите во Турција објавија дека 25 војници од хеликоптер со помош на јажиња упаднале во хотелот во Мармарис и отвориле оган во намера да го заробат Ердоган, но откако турскиот претседател го напуштил хотелот.
Се тврди дека турскиот премиер се нашол исто на мета на пучистите, и едвај се спасил.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје