Пред болница во Белград нападнат е познатиот ракометар Веселин Вуковиќ

Од:

Веселин Вуковиќ (65), познат ракометар и поранешен селектор на српската репрезентација, бил нападнат во елитниот дел на Белград.

Како што дознава Телеграф, Вуковиќ бил нападнат од неговиот син П.В.(35) пред Специјалната болница за болести на зависност на улицата Драјзерова.

Вуковиќ одбил лекарска помош, а случајот бил пријавен во полиција која за семејно насилство поднела кривична пријава против П.В.

Како што дознаваме, Веселин телефонски пријавил дека синот му се заканува пред Специјалната болница во Драјзерова. Полицијата веднаш реагирала и го однела синот во станица.

Вуковиќ во текот на кариерата го носеше дресот на Металопластика во нејзините најславни денови. Потоа беше член на Атлетикс од Мадрид и Барселона.

Тој го освои златото како играч на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година, на Светското првенство во Швајцарија две години подоцна и на Медитеранските игри во Казабланка во 1983 година.

Во 2012 година како тренер го освои среброто на Европското првенство во Белград.

Како играч освои две европски шампионски титули со Металопластик, во 1985 и 1986 година.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он