Поплавени куќи во тетовско, заглавени возила, блокиран патот од Селце кон Вејце

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека од тетовскиот Регионален центар се известени за блокиран локален пат. Околу 20:30 часот, по обилните врнежи од дожд во форма на невреме, од Кризниот штаб на Општина Тетово се добиени податоци за блокиран пат од Селце кон Вејце на Шар Планина. Непрооден е и дел од булеварот „Благоја Тоска“ кај тетовската касарна што е преполн со вода и има едно заглавено возило.

– Исто така има затнати канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми. Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Канализација од Тетово коишто информираа дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи, информираат од ЦУК.

Претходно, ЦУК информираше дека се поплавени дворови и куќи на улицата „Иво Лола Рибар“, дека има излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон сточниот пазар во Тетово.

Невреме со град, дожд и силен ветер го зафати тетовскиот регион и во неделата на 23 јуни кое предизвика значителни материјални штети. Од невремето поплавени беа подруми, оштетени автомобили, а имаше и свлечишта и паднати дрвја.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица