По пат на елиминација, човечкиот фактор пресуден за несреќата кај Ласкарци

Од:

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Првата реакција и обидот за кочење кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја префрлил кај педалата за кочење одговори вештакот Драган Аксентиев, одговарајќи на прашањето на адвокатот Сашо Дуковски дали возачот реагирал со хавариско, односно таканаречено “ѓаволско кочење” дури во моментот кога несреќата била неизбежна.

Сообраќајно техничкиот вештак Драган Аксентиев на денешното рочиште за автобуската несреќа кај Ласкарци, одговарајќи на адвокатско прашање рече дека делумно се сложува со констатацијата дека возачот ја создал опасната ситуација.

„Гледано од сообраќајно технички аспект, најодговорно тврдам дека ниту еден сообраќаен технички вештак не може да каже кое е тоа краткотрајно дејствие што го има направено возачот за да му го одземе вниманието и тоа да се рефлектира преку отсуство на внимание”, рече Аксентиев.

До човечкиот фактор како виновен за несреќата се дошло по пат на елиминација.

„Како што имаме наведено во вештачењето, како што кажав на минатата расправа и како што беше поставено едно од прашањата на почитуваната адвокатка, нашата наука познава дека се прави анализа и во таа анализа едно по едно се елиминираат одредени фактори кои можат да доведат до насочување на автобусот кон лево. Сите тие фактори кои што се анализирани се јасно прикажани во Вештачењето, а особено на страна 50, 51 се анализирани и прикажани еден по еден, каде што се вели дека вештачењето на Електро факултетот укажува дека дејствијата извршени врз фактографот не доведуваат до започнување на незгодата.

Вештачењето на Машински факултет укажува дека одредените слабости во одржувањето на автобусот исто така не се причина за почеток на незгодата”, рече Аксентиев.

Тој исктакна дека стручната литература вели дека таква ситуација кога ќе се елиминираат сите можни фактори кои би довеле до почеток на незгодата останува човечкиот фактор, но како и минатиот пат повтори дека и стручната литература вели треба внимателно да се оперира со термините кои се врзани со човечкиот фактор.

„Вештакот не може да навлезе во главата на возачот, тоа претпоставувам можат психијатрите, но не сообраќајно техничкиот вештак”, рече Аксентиев.

Според Аксентиев неприфатливо е тактичко теоретско посматрање на сообраќајната ситуација, меѓутоа возачот не реагирал со воланот.

Адвокатот Дуковски сакаше да дознае од вештакот дали возачот спиел во секундите пред несреќата, на што обвинителот Јакимовски приговараше дека вештакот веќе има одговорено на прашањето. По што, Дуковски се пожали дека обвинителот пречесто приговара и со тоа можно сугерира на одговорите на вештаците и сведоците.

Обвинителот Јакимовски неколку пати ургираше до Судот за претерано долги експозеа на сите кои земаат збор во судницата поради што сите присутни го губат фокусот и вниманието.

Денешното рочиште за несреќата кај Ласкарци трае веќе повеќе од четири часа.

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески