По две недели пожарите во Грција стивнуваат

Од:

Шумските пожари кои ја пустошат Грција веќе две недели почнаа да стивнуваат, но службите за итни случаи се сè уште на терен за да спречат ново разгорување на пожарот во централниот дел на земјата, каде што жителите мораа да бегаат поради експлозии во магацин за муниција. Од 17 јули, шумските пожари предизвикани од силните ветрови и високите температури однесоа пет животи и уништија бројни домови, фарми и фабрики. Исто така, изгорени се огромни шумски површини.

Во тешко погодената област Магнезија, шумски пожари зафатија складиште за муниција на воздухопловните сили во близина на крајбрежниот град Неа Агалос. Пожарот предизвика силни експлозии, а крајбрежната стража извести дека луѓето избегале по копно и море во градот Волос.

Борбените авиони беа префрлени на блискиот воен аеродром како мерка на претпазливост. Ударниот бран од експлозиите се почувствувал и на далечни места каде се искршени стакла, а се тресеа куќи и продавници. Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас нареди истрага за инцидентот.

Пожарникарите, и покрај натчовечките напори, не успеаја да ги стават под контрола пожарите во поширокото подрачје на Волос и Агиалос. Им помагаат пет канард и хеликоптер, но силниот ветер постојано го разгорува огнот и поттикнува создавање на нови пожари. Во индустриската зона Волос втор ден по ред се прекинати сите активности поради пожарот.

На Родос, од кој беа евакуирани повеќе од 20.000 туристи и локални жители, пожарите конечно згаснаа, откако уништија десет отсто од земјиштето на островот. Екипите се уште се на терен единаесет дена по ред за целосно да ги изгаснат сите пожари. Пожарот на Крф исто така се смирува, соопштија локалните власти.

Научниците од World Weather Attribution (WWA) Институтот веруваат дека топлотните бранови што ги погодија делови од Европа и Северна Америка во јули се резултат на климатските промени, кои сами по себе се поврзани со човековата активност. Тие веќе не се исклучителни настани и ќе станат уште поинтензивни и почести во иднина доколку емисиите не се намалат брзо, заклучија истражувачите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во големиот пожар кај Атина загина жена, илјадници се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Грција утре во „категорија 4“ од опасност од големи пожари ширум државата

Шумски пожар во Грција надвор од контрола, наредена е евакуација на осум места

ВИДЕО: Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“

Катерина Ѓуровски

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

ВИДЕО: Речиси 600 пожарникари го гаснат пожарот во Еврос кој гори веќе 14 дена