Паника во Франфурт: Евакуиран аеродромот поради закана од бомба

Од:

Неколку терминали на аеродромот во Франкфурт итно се евакуирани поради закана од бомба, пренесе “Билд“. Полицијата веднаш го окупира аеродромот, а патниците со трчање излегуваа од него.

Германскиот весник наведува дека се бара еден патник кај кого е пронајдена сомнителна направа која би можела да биде наполнета со експлозив. Работата да биде уште посомнителна, патникот кога забележал дека е следен од безбедносните служби на аеродромот, исчезнал користејќи ја гужвата која се создала на аеродромот.

Преку официјалниот разглас на аеродромот, од сите патници беше побарано веднаш да излезат на отворен простор.
-Ги молиме сите патници веднаш да ја напуштат зградата, беше соопштено од официјалниот спикер. На социјалните мрежи постојано пристигнуваат информации од аеродромот, а еден од патниците напиша дека владее вистински хаос.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи