Општина Аеродром: Градот Скопје и градското претпријатие „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличната кучиња

Од:

„Градот Скопје и градското претпријатие „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличнита кучиња, за што говори и последното видео кое во текот на вчерашниот ден беше објавено во дел од медиумите“, велат од Општина Аеродром.

„Општината Аеродром во изминатиот период одвојува значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем. Во неколку наврати, од наша страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој е целосно во нивна надлежност.

Ние, како локална самоуправа и понатаму стоиме на ставот дека неопходно е градот да изнајде соодветно решение за третирање на уличните кучиња и тоа мора да се направи веднаш. Доколку актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да изнајде решение,Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена.

Жалиме за сите непријатности со кои се соочуваат граѓаните и токму поради тоа уште еднаш бараме Градот Скопје итно преземе мерки за соодветно решавање на овој проблем, кој за жал секојдневно ескалира“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче