А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

ОН: Иран мора да престане да користи „непотребна“ сила против демонстрантите

by А1он18/10/2022 - 15:4218/10/2022 - 15:42189
Share0

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации изрази длабока загриженост во Женева поради насилството на иранските безбедносни сили врз демонстрантите на улиците на иранските градови.

Следете a1on на Instagram Instagram

Извештаите велат дека загинале 23 малолетници, а многу други се повредени. – Постојаната, непотребна и непропорционална употреба на сила против демонстрантите мора да престане, изјави денеска во Женева портпаролката Равина Шамдасани.

Таа предупреди дека иранските власти вршат рации во училиштата и ги носат децата кои учествувале во протестите во „психолошки центри“, како што и потврди иранското Министерство за образование.

Ова може да укаже дека овие деца се одведени во центри за превоспитување, посочува портпаролката.

Следете a1on на Youtube YouTube

Канцеларијата за човекови права на ОН се повикува и на извештаите дека се уапсени најмалку 90 новинари, адвокати, уметници и активисти за човекови права. Во извештаите се наведува дека уапсените биле малтретирани, мачени и дека немаат пристап до медицинска нега.

Портпаролката потсети дека Исламската држава Иран потпишала конвенции за човекови права со кои се обврзува да ја заштити слободата на говорот и правото на мирни демонстрации.

– Ги повикуваме властите сериозно да пристапат кон проблемот на народното незадоволство наместо да користат сила за да ги задушат протестите, рече Шамдасани.

Протестите избувнаа по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амини, која беше приведена од полицијата за морал поради непочитување на строгиот религиозен кодекс на облекување и почина како резултат на тепање, според тврдењата на активистите за човекови права. Властите негираат дека починала од тепање.

Извор: МИА

iran protesti

Би можело да ве интересира

Бита Хемати може да биде првата жена обесена за јануарските демонстрации во Иран

А1он19/04/2026 - 18:1119/04/2026 - 18:11

Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во протестите во Иран

А1он17/01/2026 - 08:20

Иранка која избега од Техеран сведочи: „Гардистите им пукаат на сите во глава“

Горан Наумовски16/01/2026 - 06:47

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Горан Наумовски15/01/2026 - 21:54

Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 12:40

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео