Нов бран ирански напади врз Израел и Кувајт

Од:

Сирени за воздушен напад се огласија утрово низ централен и јужен Израел откако Иран започна нов напад со балистички ракети.

Ова беше прв напад по повеќе од осум часа, објави „Тајмс оф Израел“.

Предупредување за сомнителна инфилтрација на беспилотни летала се слушна и во Горна Галилеја.

Израелската војска соопшти дека работи на пресретнување на заканите.

Сирени за воздушен напад се огласија и во Кувајт, објави „Ал Џезира“.

Се вели дека ова е барем трет пат алармите да се огласат во таа земја во последните неколку часа.

Кувајските власти претходно објавија дека воздушната одбрана на земјата успешно ги пресретнала повеќето беспилотни летала што се приближиле до главниот град, објави „Танјуг“.

Противвоздушната одбрана на Кувајт повторно пресретна ирански беспилотни летала во неделата, трет ден по ред откако Иран почна да напаѓа цели во соседните земји од Заливот како одмазда за нападите на САД и Израел врз земјата, соопшти кувајтската агенција за цивилна одбрана.

Повеќето од беспилотните летала беа пресретнати од кувајтската воздушна одбрана во близина на градовите Румаитија и Салва, без да предизвикаат повредени, објави државната новинска агенција, повикувајќи се на генералниот директор на цивилната одбрана, објави Ројтерс.

Сведоци рекоа дека се слушнале гласни тресоци и сирени кога бил објавен воздушниот напад.

Техеран соопшти дека ќе ги таргетира американските бази во регионот како одговор на нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, откако дипломатските разговори не успеаја да постигнат договор за нуклеарната програма на Иран.

Иран, исто така, таргетираше голем број цивилни и комерцијални области во градовите низ Персискиот Залив во последните два дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран ја нападна американската база „Инџирлик“ во Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори американски брод, Иранците со снимка тврдат дека го погодиле

Горан Наумовски

(ВИДЕО) CNN го лоцираше падот на борбен авион: Се урна во близина на американската база во Кувајт

(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Горан Наумовски

Нов ирански напад, сирени во Израел и Кувајт: Тел Авив возвраќа со напади врз Либан

Фон дер Лајен повика на промена на режимот во Иран: Итно е потребна веродостојна транзиција

Горан Наумовски