На пола час “Ел Чека” објавува нови бомби на “Фејсбук”

Од:

На социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска се појавија нови телефонски разговори објавени од лице потпишано како Ел Чека. Објавувачот тврди дека комуникацијата е помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот висок функционер од партија Муса Џафери, а разговараат за Охридскиот рамковниот договор.

Објавувачот вели дека е во комуникација со обвинетите за Диво Насеље и дека во договор со нив се објавуваат овие разговори.

Ова не е прв разговор кој е објавен на социјалните мрежи, во текот на оваа и изминатата недела исто така беа објавени разговори за кои јавноста не беше запознаена.

МВР вчера информираше дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле јавното обвинителство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Сите дојави за бомби во училиштата се лажни

Израел ќе произведува тешки бомби, ќе ја намали зависноста од Америка

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски