Милановиќ не е добредојден на одбележување на деблокирањето на Дубровник

Од:

Организациониот одбор на прославата за 30-годишнината од ослободувањето на јужна Хрватска и деблокирањето на Дубровник денеска потврди дека претседателот и врховен командант Зоран Милановиќ не е повикан, затоа што се работи за прослава, како што се наведува, на бранители што не смее да биде засенета од дневно политички пресметки, јавија дел од медиумите во регионот.

Оттаму додаваат дека одлуката е донесена бидејќи „недопустливо е ваква достоинствена манифестација, каде во центарот се бранителите и хрватската заедница, да биде засенета од спорови, кавги и несогласувања што дневно ги произведува нашиот претседател“.

„Одлуката нема никаква врска со партиите, ниту постојат какви било забрани за повикување на претседателот. Понатамошно коментирање на ова го одвлекува вниманието од она што е важно, а тоа е 30 години од одбраната и ослободувањето на југот, но, по прославата стоиме на располагање за објаснувања“, пишува во соопштението на Организациониот одбор, пренесе хрватскиот портал Дневник.

И Здружението на ветерани од 9-та гардиска бригада откажа дел од денешното одбележување на 30-годишнината од формирањето во Госпиќ, каде доаѓа и Милановиќ.

Од Здружението на Фејсбук објавија дека Кабинетот на претседателот „самоволно го презеде главниот збор“ и дека оттаму сакале да наметнат ограничувања за други гости, што за нив не е прифатливо.

„Поради неможноста за комуникација со Кабинетот на претседателот и огромните ароганција и его што доаѓаат од претседателот“, ја наведоа причината за откажување на дел од програмата од предвидениот протокол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Милановиќ: Да не живееме од долгови без да мислиме како ќе ги вратиме – во минус сме, а без европските пари сме во дупка

А1он

Гест кој измами насмевки – го затворија ресторанот за гости, на сопственикот му се роди дете

А1он

Ја искасапи сопругата, па телото го фрли во септичка јама

А1он

Пленковиќ: Србија e на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски

Нови детали за балканската шпионско-љубовна драма – хрватскиот пилот знаел дека неговата девојка „споделува“ податоци

А1он

Воен пилот од Хрватска и неговата партнерка од Косово шпионирале за Србија?

А1он