Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија

Од:

Семејството и пријателите упатуваат итен апел до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски, македонски државјанин, кој се наоѓал во Швајцарија за време на пожарот што избувна на 31 декември.

Според досегашните информации, Стивен последен пат бил виден за време на пожарот во барот „Ла Констелејшн“ (La Constellation), лоциран во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана.

Неговите блиски информираат дека во моментот на исчезнувањето бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што може да се забележи на фотографиите што се споделуваат на социјалните мрежи. Можно е со себе да ги имал и карактеристичните очила за сонце што ги носи на сликите.

Семејството апелира до сите кои можеби го виделе Стивен или имаат каква било информација за него, вклучително и дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:

📞 076 415 0868
📞 076 385 7165
📞 078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар во Швајцарија. Доколку некој има информации или го има видено, ве молиме да нè контактира“, стои во апелот објавен на социјалните мрежи.

Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран – Монтана.

– Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57, стои во објавата на Амбасадата на Фејсбук.

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица. Медиумите наведуваат дека повеќето од гостите биле на возраст од 15 до 20 години. Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Момче се обидело да влезе во барот во Кран-Монтана непосредно пред пожарот. „Беше како во хорор филм“

ВИДЕО: Објавена снимка од почетокот на пожарот во Кран-Монтана

ВИДЕО: Пиротехника го запалила таванот по што настанал хаосот во клубот во Кран-Монтана

ВИДЕО: Десетици мртви и стотина повредени во експлозијата во Кран-Монтана

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 10 мртви во експлозија во познатото швајцарско скијалиште Кран -Монтана

Катерина Ѓуровски

Четворица мртви во Вадуц, полицијата го истражува случајот