Колку се популарни популистите?

Од:

ЕБЛ њуз – Загреб

Марин Ле Пен, лидерката на француската екстремно десничарска партија Национален фронт, може да биде забележана на јавни настани опкружена со мноштво камери околу неа.

На Саем на коњи на северот од Париз, на почетокот на декември, насред орда новинари, таа зрачеше. Тоа се случи еден ден откако непопуларниот претседател социајлист Франоса Оланд најави дека нема да оди на свој реизбор.

Најавата на Оланд, дадена за да го спречи понатамошниот пад веќе распарчената левица во Франција, Ле Пен ја гледа како последна силна шанса за нејзин влез во Елисејската палата.

За само шест месеци, британскиот референдум за напуштање на Европската Унија и изборот на Доналд Трамп во САД, Ле Пен ги оцени како потврда во нејзиниот антиестаблишмент став за политиката.

На коњичкиот саем во Вилепинте, Ле Пен прошета низ шталите, го почувствува мирисот на сеното во воздухот, ги поздрави изложувачите. Со секој од нив поразговара по неколку минути и покажа топол интерес за спецификите во оваа индустрија. На половина пат во нејзината обиколка, таа подготви еден коњ и стави каубојска шапка. Чкрапалата на фотоапаратите полудено оочнаа да штракаат.

– Апсолутно немам причина да ја менува мојата стратегија, рече Ле Пен, избегнувајќи ги прашањата за влијанието на политичките успеси и порази на нејзините ривали. – Не верувам во поделбата лево-десно. Од една страна, тие луѓе се националисти и патриоти. Од друга, глобалисти, европеисти, а оттука според дефиницијата, се и емиграционисти, рече таа.

Јасно е на која страна се става самата Ле Пен. Ова е крстосница за поплитичката платформа на Ле Пен и нејзина најомилена тема во реториката. Таа протежира потентен микс на спротивставување на интегрирана Европа и миграцијата, заедно со жестокиот впечаток за францускиот ексепционализам.

– Неспоредливо, нејзините идеи ја освојуваат јавноста. Не само во Франција; ги добиваме војните со идеите низ целиот свет, рече за ДПА Бернард Хует, еден од поддржувачите на Ле Пен на коњичкиот саем и поранешен член на партијата.

Но, Лепен се соочува со многу проблеми за разлика од нејзините ривали. Таа мора да се справи со црните дамки од историјата на нејзината партија, чиј основач, нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен, постојано беше казнуван заради антисемитски и расистички коментари.

Таа исто се бореше со законот за време на долгата кампања да го направи Национален фронт попривлечен за мејнстрим гласачите. Во 2015 беше изведена пред суд заради поттикнување на верска омраза и прогласена за невиновна во врска со нејзините коментари за муслиманските молитви по улиците и за окупацијата на нацистите.

Овие уназадувања, заедно со француската политичка клима која постојано го сметаше Национален фронт за некомпатибилен со вредностите на земјата, се рефлектираа и на изборите. Партијата има само два пратеника во Долниот дом на Парламентот, кој има 577 места, и двајца во Горниот дом.

Тоа е планирано да се смени следната година, додека Марин Ле Пен котира високо на анкетите за претседателските избори во Франција во 2017 година. Националниот фронт е исто добро позициониран за парламентарните избори следната година и е единствената партија која има стабилен раст на членството уште од 2012 година.

Овие избори се силен предизвик за традиционалните политики низ цела Европа, додека досегашните слаби националистички партии јаваат на популистичкиот бран.

Во Шведска, антимигрантската партија Шведски демократи стана трета најголема партија во 2014 со освоени 13 проценти од гласовите; во Данска, популистичката Народна партија стана втора најголема партија во земјата во 2015 со освоени 21 проценти од гласовите.

Најголемата екстремно десничарска партија во Италија, Северната лига, е отворен предизвик за партијата на поранешниот премир Силвио Берлускони, Форца Италија, и ја надмина во анкетите на јавното мислење за 12 проценти со пресвртот во пораките од сеценионизам кон анти-ЕУ и антимиграција.

Редовните избори во Италија се планирани за 2018, но политичката нестабилност може да доведе до предвремени избори. Движењето Пет ѕвезди, најголемата опозициска сила во Италија, одбива да биде дефинирана како левица или десница, но практикува протекционистички и еврскептички ставови и бара да се одржи референдум за излегување на Италија од еврозоната.

Дури и Автсрија, која ја избегна победата на екстремно десничарски канидиат за претседател на почетокот на декември, следната година ќе има предвремени парламентарни избори кои можат да ги доведат десничарите – посебно популистичката Партија на слободата – во Владата.

Во 2017, најрешавачки избори ќе бидат оние во Германија и Франција. Алтернатива за Германија (АФД), која освои многу гласови на неодамнешните покраински избори одвлекувајќи многу гласачи од големите партии и на септемвриска анкета на јавното мислење доби 16 проценти гласови.

На Марин Ле Пен и се предвидува дека ќе освои до 25 проценти во првиот круг од претседателските избори и 30 проценти во вториот круг. Како една од најстарите европски партии од популистичката сцена, поддржувачите на Националниот фронт сметаат дека нејзиниот зенит е само прашање на време.

Иако партијата очекува голем изборен пробив, поддржувачите очекуваат главниот успех да дојде во 2017 година.

Подржувачот на Националниот фронт, Хует, вели дека времето на партијата е многу блиску, наведувајќи ги британскиот референдум и победата на Трамп како примери.

– Идеолошката победа секогаш и претходи на изборната победа, рече тој.

Би можело да ве интересира

Жан-Мари Ле Пен е хоспитализиран, тој е во тешка состојба

За наследник на Ле Пен избран 27-годишниот европратеник Жордан Бардела

А1он

Ле Пен: Санкциите од ЕУ не успеаја да влијаат на Русија, тие го казнуваат францускиот народ

Ле Пен веќе нема да ја води партијата, преминува во Парламентот

Ердоган го нарече „победа“ поразот на Марин Ле Пен во Франција

Ле Пен ја финансира претседателската кампања со кредит од унгарска банка

А1он