Коцевски не става потпис на решенијата за паралелки со помал број ученици

Од:

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски барал стопирање на предлог-решенијата на општинскиот Совет за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици од законски предвидените во едно основно и две средни училишта во Велес.

Станува збор за ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари и ОСУ „Јовче Тесличков“ и ОСУ „Димитрија Чуповски“.

Како што информира денеска прес-службата на Општина Велес, Коцевски не вчерашната 19. седница на Советот побарал советниците да го преиспитаат ставот пред да се донесе конечно решение. Советот прифатил да се преиспитаа решенијата и да се разгледат можностите за организирање комбинирани паралелки во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ОСУ „Јовче Тесличков“.

Во ОСУ „Димитрија Чуповски“ не било потврдено решението на градоначалникот, а Советот го потврдил своето решение паралелките со помал број ученици во ова средно училиште да функционираат, без да се комбинираат како што предложил Коцевски.

Во изјавата за медиумите Коцевски потенцира дека негов став е сериозна рационализација и реформа во мрежата на основни и средни училишта.

– Не е во ред да има настава во посебна паралелка за месари со осум ученици зашто тоа е исклучително скапо или во Економското училиште да има една економска насока со девет, а друга со десет ученици. Предлагам да бидат комбинирани во една паралелка со што општите предмети ќе ги изучуваат заедно, а стручните посебно, појасни Коцевски.

Тој за медиумите најави дека нема да стави потпис на ваквите одлуки на Советот на Општината и дека ќе чека Советот да ги преиспита одлуките.

– Согласно Законот за локална самоуправа потоа ќе ја искористам можноста да се обратам до Уставниот суд, најави Коцевски.

Во велешките основни и средни училишта поради намалениот наталитет и трендот на иселување на семејствата во странство, драстично се намалува бројот на ученици. Како последица на тоа секоја година има се повеќе паралелки со помал број ученици од законски предвидените.

Според податоцита на Општина Велес, оваа нова 2018/2019 учебна година има вкупно 4.518 основци што е за 66 помалку од лани кога биле 4.584. Во новата учебна година има 2120 средношколци што е за 61 помалку споредено со ланските 2.181.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ