Починатата девојка од принудно слетаниот авион во Белград, имала инфекција од операцијата во Турција

Од:

Девојката (20) од Велика Британија поради која авионот со кој се враќаше дома принудно слета на српскиот аеродром имала тешка инфекција по оперативниот зафат во Турција.

Морган Рибеиро (20) од Велика Британија, која имаше операција на желудникот во Турција, почина во Белград откако и се слоши во авионот додека се враќаше дома.

Морган на почетокот на јануари отпатува во Турција со своето момче со цел да направи операција на желудникот, која ја платила околу 3.000 евра. Младата девојка се одлучила на овој потег бидејќи била малтретирана поради прекумерната тежина, а не сакала да биде на долгата листа на чекање во Британија, пишува Дејли Мејл.

Таа беше оперирана во Турција на 5 јануари, а три дена подоцна и беше кажано дека е безбедно да се врати дома. Морган и нејзиното момче Џејмс Брустер (19) се качиле во авионот за Лондон, но за жал и се слошило за време на летот, поради што авионот итно беше спуштен во Белград, каде Морган и покрај напорите на српските лекари почина.

Според српските медиуми лекарите откриле дека при интервенцијата во Турција и е пресечено тенкото црево, што довело до инфекција.

Четири дена подоцна, и покрај напорите на српските лекари, паднала во кома, и починала на клиниката во Белград.

„Како дете постојано беше малтретирана, бидејќи секогаш имаше проблеми со вишокот килограми и и беше многу тешко“, изјави мајката на починатото девојче за британски Индипендент. Таа кажа дека не знаела за операцијата, а прв пат дознала кога и се јавила пред да влезе во авионот за дома.

Би можело да ве интересира

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

„Визер“ суспендира летови од поранешна Југославија, најголем број откажувања од Скопје

А1он

„Ер Франс“ најави дека ќе укине 7.500 работни места поради пандемијата

А1он