Гутереш ги повика Русија и Украина да го повлечат воениот персонал од нуклеарката Запорожје

Од:

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш изјави дека многу е загрижен поради ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во јужниот дел на Украина.

Тој ги повика вклучените страни да ги повлечат воениот персонал и опремата од централата и да се воздржат од какво било понатамошно распоредување на силите.

– Мораме да бидеме јасни дека секоја потенцијална штета на Запорожје или на кој било друг нуклеарен објект во Украина, или каде било, може да доведе до катастрофални последици не само во непосредна близина, туку и во регионот, па и пошироко, истакна Гутереш.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Генерален секретар на ОН: Израелските операции во Газа ќе имаат „разорни последици“

А1он

Гутереш: Гладот не смее да стане оружје на војна

А1он

Гутереш: Неприфатливо е Палестинците да си го ризикуваат животот за да добијат храна

А1он

Гутереш: Украина има легитимна влада

А1он

Ковачевски-Гутереш: Соработката со ОН продолжува

Гутереш повика на усвојување глобален план за вакцинација