Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Варвициотис утре во Скопје

Од:

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, утре и задутре, ќе престојува во работната посета на земјава на покана на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, Варвициотис ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, стои во соопштението.

Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис ќе имаат билатерална средба утре, по што ќе следат изјави за медиумите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија