Градоначалникот на Минеаполис бара забрана за оружје по пукањето во училиште

Од:

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, повика на забрана за оружје на федерално и државно ниво откако две деца, на возраст од 8 и 10 години, беа убиени, а повеќе од 20 други беа повредени во католичко училиште во градот.

Неколку часа по нападот, Фреј рече дека е посветен на „не само да биде уште еден политичар кој вели „никогаш повеќе““, туку и да се залага за конкретни измени во законите за оружје, објави NBC News.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, претходно изјави дека агенцијата собрала информации што укажуваат дека нападот бил чин на домашен тероризам и злосторство од омраза насочено кон католиците.

Пател откри дека напаѓачот оставил антикатолички и антирелигиозни пораки во својот „манифест“, како и повик за насилство против претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го опиша нападот како „страшна трагедија“, нарекувајќи го напаѓачот „луд“.

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, беа убиени, а околу 20 лица беа повредени во пукотница во католичко училиште во јужниот дел на градот Минеаполис во американската држава Минесота, изјави функционер на Министерството за правда на САД.

„Напаѓачот си го одзеде животот во задниот дел на црквата. Овој кукавица е идентификуван како 23-годишниот Робин Вестман без претходно криминално досие“, изјави началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Горан Наумовски

ВИДЕО: Шефот на граничната полиција го напушта Минеаполис, доаѓа „граничниот цар“

Волц го повика Трамп да ги повлече агентите на ICE од Минеаполис

Клинтон: Ако се откажеме од нашaтa слободa после 250 години, можеби никогаш нема да ја вратиме

Горан Наумовски

Хаос во Минеаполис – демонстрантите ги блокираа улиците со контејнери, полицијата испука солзавец

А1он

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис