Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

Од:

Во кампањата за локалните избори ќе нудам решенија за проблемите на граѓаните, кои се презаситени од црни кампањи, вели во интервју за државната МИА, Орце Ѓeорѓиевски, актуелен прв човек на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата.

Ѓeорѓиевски е оптимист дека ќе победи на локалните избори во Скопје со двојна предност пред останатите кандидати во првиот круг од изборите, а повторува дека она што прво ќе го направи во градот е генералка“, бидејќи граѓаните заслужуваат чист град.

-Политиката е натпревар на концепти и идеи во коишто сите ќе треба да ги понудиме најдобрите решенија за повеќедецениските проблеми на граѓаните. Јас не се занимавам со црни кампањи, ниту пак планирам такво нешто. Не знам што планираат во другите политички партии, но нели секој си одговара за своите постапки, вели Ѓeорѓиевски.

Кога станува збор за кампања, вели тој, ние треба да сме тие кои ќе го обединиме народот истовремено, но и од друга страна ќе понудиме и добар концепт за тоа како ќе ги решаваме реалните проблеми на граѓаните.

-На никој не му значи ако било кој од нас коментира за минатото, за сегашноста, или за што било поврзано со некој политичар. Секој од нашите граѓани сака да живее во поубаво, во посредено населено место, да биде безбедно неговото населено место. Мислам дека граѓаните, не само во Скопје, туку и во целата држава, се презаситени од негативни, од црни кампањи, од разно разни обвинувања, дел вистинити, дел невистинити. Она што недостасува кај нашиот народ е реализација на проекти, изјавува Ѓeорѓиевски.

Во интервјуто тој вели дека очекува победа во првиот круг од изборите со двојна предност, исто како што победил на претходните локални избори во Кисела Вода.

-Искрено, истото го очекувам и во градот Скопје земајќи во предвид дека јас, иако сум од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и целиот свој живот го имам таму поминато, функционирам инклузивно и граѓански. Така ја правам и програмата, така функционирам со мојот тим, така функционирам четири години, а може да забележите дека и изминатиов период, луѓе од различни политички провиниенции се приклучуваат на мојот тим. Скопје е на сите скопјани, без разлика кој од која политичка партија доаѓаат, без разлика на вера, без разлика на нација. Скопје е на сите оние коишто го сакаат, рече Ѓеорѓиевски.

Верува дека и врз основа на резултатите кои ги постигнал изминативе четири години во Кисела Вода, дека тоа го препознаат граѓаните и дека ќе има сериозна поддршка на ниво на град Скопје.

Ѓеорѓиевски најавува дека многу скоро ќе биде позната неговата изборна програма која ќе се базира на пет столба.

Локалните избори се закажани за 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Би можело да ве интересира

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ