Едно лице потешко повредено во пожар во зграда во Гостивар

Од:

Едно лице е тешко повредено и во животно-загрозувачка состојба пренесено во гостиварската болница во пожарот што избувна во зграда во Гостивар.

Според очевидци и станарите, пожарот избувнал утрово пред 8 часот по што се појавил чад и станарите од зградата на улицата „Кеј Вардар“ почнале да ги напуштаат домовите.

Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар, на терен излегле со две возила и за половина час го локализирале пожарот. Првичните сознанија се дека пожарот се појавил во една од собите на станот во кој престојувало повеќечлено семејство. Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете кое набрзо е пренесено со брза помош во градската општа болница.

Според станарите, брзата интервенција на пожарникарите спречила ширење на пожарот и поголема штета.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски