Босна и Херцеговина побара меѓународна помош за гаснење на пожари

Од:

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска на вонреден телефонски состанок донесе одлука да побара меѓународна помош за гаснење пожари од сите земји со кои Босна и Херцеговинаа има потпишано меморандум за соработка во заштитата и спасувањето.
Министерскиот совет на БиХ ја донесе оваа одлука едногласно на предлог на Министерството за безбедност.

Со таа одлука БиХ побара меѓународна поддршка во гаснењето пожари во форма на противпожарни сили, средства и авиони за гаснење пожари, како и авиони преку процедурите на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.

Потрагата по поширока меѓународна поддршка за гаснење пожари во БиХ уследи по ескалацијата на пожарите во таа земја, особено на подрачјето на општина Пошушје – Националниот парк Блидиње и на подрачјето на Паркот на природата Сутјеска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци