Олимпискиот шампион и шведски атлетичар Арманд Дуплантис ја запроси шведската манекенка Дезир Ингландер за време на снимањето за Vogue Scandinavia, а интересно, таа мислеше дека тоа е само поза за фотосесија.
На видеото кое го сподели Вог се гледа токму моментот кога Дуплантис клекна пред Дезир, а популарниот Мондо призна дека во тој момент бил понервозен отколку на Олимписките игри во Париз.
Дуплантис го покани Vogue Scandinavia да му помогне да го планира и сними овој интимен момент, а шведската моделка била убедена дека тоа е само снимање за магазинот.
Снимањето се одвиваше пред два дена во Хемптонс, а Дезир дури мислела и дека тоа кога клекнал е само заради фотографирање.
На крајот на краиштата, парот се пошегувал дека всушност изгледаат како невеста и младоженец во модата што ја носеле за таа пригода. Дезир беше облечена во бел фустан од тантела, додека тој беше облечен во темен костум и бела кошула.
Како што пренесува Vogue Scandinavia, дури кога ја извадил кутијата со прстенот, таа сфатила за што се работи.
“Можам со сигурност да кажам дека во тој момент бев најнервозен во животот. Имав неколку реченици кои сакав да ги кажам, но останав без зборови. Целосно се смрзнав”, призна атлетичарот.
Дуплантис и приреди уште едно изненадување на својата девојка: ги договори нивните семејства, како и нивните најблиски пријатели, да пристигнат во Хемптонс за да ја прослават нивната свршувачка веднаш откако заврши снимањето.
Во насловната прказна која ја следат фотографиите од свршувачката, Дуплантис рече дека знаел дека Дезир е жената со која сакал да се ожени откако се запознале во 2020 година и призна дека е подготвен да ја запроси по Олимпијадата во Париз.