Четворица новинари остануваат во Телма со помали плати, осум заминуваат

Од:

Синдикатот во ТВ Телма постигна да биде намален бројот на вработени на кои ќе им престане работниот однос во текот на постапката за прогласување технолошки вишок, од 12 на 8.

Спроред информациите, станува збор за новинарите Соња Николовска, Виолета Зајкова, Јулијана Пешевска од информативната редакција и Сотир Трајков од културната редакција.

Овој договор превидува четворицата новинари да останат на работа со нови решенија за работа, како новинари репортери, со оглед на тоа што со новата систематизација која ќе се применува нивните досегашни работни места како уредници се укинуваат. Кај нив ќе има и намалување на платите, согласно бројот на бодови за конкретното работно место.

Од синдикатот информираат дека новинарот Панта Џамбазоски одлучил да не го прифати новото решение за работа и со тоа одлучил да остане во процесот за технолошки вишок.

-За жал, менаџментот на куќата не ги прифати аргументите и предлозите на синдикатот за двајца членови на ССНМ и не се постигна договор за нивно останување на работа, тоа се колегите Влатко Змејковски и Бранка Костиќ, за кои и покрај нашите заложби, и одвоените средби кои ги имаа со раководството, не се најде заеднички јазик за понатамошен ангажман. На овие двајца колеги синдикатот ќе продолжи да им пружа правна и друг вид помош во иднина доколку биде потребна, наведуваат од Синдикатот.

ССНМ во овој процес немаше мандат и не ги застапуваше другите 5 вработени кои се најдоа на списокот за технолошки вишок, бидејќи не се членови на синдикатот. Од тие причини, уште еднаш ја истакнуваме важноста на синдикалното организирање и ги повикуваме сите новинари и медиумски работници да пристапат во ССНМ за зедно да се бориме за работничките права кои иако се загарантирани со закон, работникот не секогаш ги добива, наведуваат од Синдикатот на Телма.

Би можело да ве интересира

ССНМ: Телма да ја повлече забраната за новинарите

Ана Ололовска

Новинарите на „Телма“ бараат да се повлече барањето на Кировски за цензура на статусите на социјалните мрежи

Ана Ололовска

ЗНМ ја осуди забраната на „Телма“ за коментирање на интернет

Ана Ололовска

Пцости и вербални напади врз новинари на Телма на протестот „За заедничка Македонија“

А1он

Заменик командант на единица во МВР спречил да се фатат напаѓачите на екипата на А1он

А1он

Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски

А1он