Звезда без публика против ЦСКА

Од:

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена звезда поради недолично однесување на нејзини навивачи за време на натпреварот против БАТЕ Борисов во Лига Европа.

Црвено-белите еден натпревар во европските натпревари ќе играат пред празни трибини што значи дека нема да имаат помош против ЦСКА во 16-на финалето од Лигата Европа.

Казната во изјава за Танјуг ја потврди генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ кој најави жалба на одлуката.

Навивачи на Црвена звезда за време на натпрварот во Белорусија на 23 ноември му дадоа поддршка на Ратко Младиќ што УЕФА го оквалификува како расистичко однесување и одреди казна за српскиот фудбалски клуб.

Натпреварот Црвена звезда – ЦСКА ќе се одигра на 13 февруари.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година