Зверев во полуфиналето во Лондон против Федерер, Ѓоковиќ ќе игра со Андерсон

Од:

Германецот Александар Зверев денеска го победи Американецот Џон Иснер со 2:0 (7:6, 6:3) и се пласираше во полуфиналето на финалниот АТП турнир во Лондон.

Таму го очекува дуел со Швајцарецот Роџер Федерер. Во второто полуфинале ќе се соочат Србинот Новак Ѓоковиќ и Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

По големата битка на двајца тенисери со одличен сервис, Зверев излезе како победник. Тој имаше поголема концентрација во решавачките моменти и го совлада ривалот, кој веќе по првиот загубен сет, ги загуби шансите да се квалификува во полуфиналето.

Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а единствената брејк, и воедно сет топка во првиот сет, беше во 12-от гем, која Иснер не успеа да ја искористи. Сетот беше подоцна решен во тај-брејк, а Германецот беше посигурен и го доби со 7:5.

Слична слика беше и во вториот сет, но решавачкиот момент се случи во осмиот гем. Зверев го нападна сервисот на противникот и ја освои единствената брејк шанса во мечот. Потоа беше сигурен на свој сервис и стави точка на овој натпревар со 6:3 во вториот сет.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ