Зверев ја освои 12. АТП-титула во кариерата

Од:

Седмиот светски рекет, Александар Зверев го освои трофејот на турнирот во Келн, победувајќи го денес во финалето 20-годишниот Феликс Огер-Алиасим со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3.

Дваесет и тригодишниот Зверев го одигра своето 20. финале на АТП турнирите и ја освои својата 12-та титула. Меѓу активните тенисери, само 12 играчи имаат повеќе трофеи од Германецот.

Од друга страна, Огер-Аласим, го претрпе шестиот пораз во шестото финале во кариерата. Во решавачките натпревари, Канаѓанецот сè уште нема освоено сет.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест