Доделувањето на Златната топка не привлече толку внимание како она што синоќа заврши во рацете на шпанскиот играч од средниот ред Родриго Ернандез, но без разлика на коментарите и симпатиите, никој нема право да ги намалува неговите заслуги за сите трофеи на Шпанија и Манчестер Сити.
Родриго Ернандез, попознат како Родри, е вистинскиот мотор на Манчестер Сити и Шпанија, кои со години доминираат во европскиот фудбал, секој на свој начин. Покрај тоа што е иницијатор на играта, подеднакво корисен и во одбраната и во нападот, Родри има потпис на некои од најважните голови кога е најпотребно, со што на Манчестер Сити му ја донесе единствената титула европски првак во историјата.
Освен сето тоа, Родри е апсолутно единствен во светот на фудбалот. Она што го одвојува од другите фудбалери со „Златната топка“ е неговата скромност, за која толку многу се зборуваше.
Приказната за одличниот шпански играч за врска е позната од поодамна. Тој е најскромниот играч на денешницата, кој не го интересираат социјалните мрежи, ниту пак сака да троши пари на луксузни предмети, иако според договорот со Манчестер Сити може да си дозволи многу повеќе од останатите фудбалери.
Rodri has no social media, no tattoos so he can donate blood easier, no fancy cars, lived in student accommodation while earning 120K a week, donates 1/4 of his wages to charity and bought a second hand Vauxhall Corsa from an old lady.
He has just won the Ballon d’Or. pic.twitter.com/IOtcNq9jAL
— george (@StokeyyG2) October 28, 2024
Родри нема профили на социјалните мрежи, дење и ноќе е посветен на хуманитарната работа, а со години живеел во студентски дом иако тогаш заработувал милиони. Долго време возел половна Опел Корса, тогаш вредна само неколку илјади евра, додека неговите ривали на теренот се расфрлаат и купуваат суперавтомобили.
Додека траеше пандемијата на коронавирус, неговиот фокус беше исклучиво на развојот на фудбалската кариера, но и на образованието, па се посвети на дипломирањето на Факултетот за бизнис администрација и менаџмент.
Во моменти кога според неговиот договор заработувал 120.000 фунти неделно, Родри сè уште живеел во студентска соба. Во исто време, тој беше фокусиран на образованието и не сакаше да купи стан или куќа.
„Луѓето беа шокирани кога го видоа Родри, кој играше во шпанската Ла Лига, но сепак живееше во универзитетска резиденција. Тој секогаш беше сосема „нормален“. Тој го делеше просторот и времето со сите и сакаше да поминува време со своите пријатели, иако беше фудбалска ѕвезда“, изјави неговиот пријател Валентин Хенарехо за Marca пред неколку години.
🗣️ Rodri on University:
“The best years of my life so far. My parents suggested going into halls and it was brilliant. There’s a good, happy atmosphere, people your age from all over. I met my girlfriend there. One of the best experiences I’ve had…”#MCFC pic.twitter.com/2OwLqUTqzE
— City Xtra (@City_Xtra) October 18, 2019
Најдобриот играч на светот е голем хуманитарец, па од почетокот на кариерата до денес четвртина од неделните примања издвојува за хуманитарни цели.
Шпанскиот репрезентативец е против тетоважи и нема никаква на телото, ниту пак сака социјални мрежи во каква било форма. Неговиот пристап како играч и човек е сосема едноставен, но исклучително му „прилега“ и носи резултати на теренот.
Исто така, девојката на Родриго, Лаура Иглесијас е со него од раните фудбалски денови и го придружуваше на тешкото патување до титулата најдобар фудбалер на светот. Таа е студент по медицина, а Родри претходно откри дека неговите прослави на голови и биле посветени на неа.
Иако многумина не се согласуваат дека заслужено ја доби Златната топка, никој не може да му ја одземе. Едноставно, тој ги искористи своите предности во однос на другите и го доби најголемото признание во светот на фудбалот.