Американката Дана Волмер делницата ја исплива за 55,98 секунди и го надмина претходното најдобро достигнување од 56,06 секунди на Сара Сјостром од Шведска во 2009. Второто место и припадна на Лу Ин од Кина со 56,87 секунди, а бронзата ја доби Алисија Каутс од Австралија со време од 56,94 секунди.
Вториот светски рекорд денес го сруши Камерон ван дер Бург од Јужна Африка. Тој денес на трката на 100 метри градно исплива со време 58.46 што беше за 0.12 секунди подобро од досегашниот светски рекорд на Австралиецот Брентон Рикарт. Среброто му припадна на Кристијан Спренгер од Австралија, а бронзата на Брендан Хансен од САД.
Французинката Камил Муфат го освои златото со време доволно за нов олимписки рекорд во дисциплината 400 метри слободно, а нејзините колеги приредија вистинска драма на трката 4×100 метри.
Американската штефета беше во водство се до последната замена кога Јаник Ањел успеа да го претрка Рајан Лохте. На третата позиција заврши Русија.