Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело, има намера да го увери Зинедин Зидан до крајот на сезоната дека може да се потпира на него во иднина. Бразилецот е број 1 на лев бек за Кралскиот клуб, но оваа сезона има само 15 натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Серхио Регилон и Ашраф Хакими ќе се вратат на „Бернабеу“ по нивниот закуп во Севилја и Борусија Дортмунд, што значи дека Зидан сè уште има опции за следната кампања.
Во март, Французинот изјави дека му да време на 31-годишниот Марсело да се докаже и да импресионира со играта, откако ќе се обнови фудбалското првенство. Марсело има две години договор со шпанскиот клуб, а Реал ќе бара солидна сума на пари, доколку има некој покаже интерес за него.
Јувентус ја следи ситуацијата околу Бразилецот и може да направи предлог во следниот трансфер-прозорец.