Зидан има замена за Јовиќ

Од:

Иако Лука Јовиќ е повреден и ќе отсуствува околу два месеци, тренерот на Реал Мадрид има подготвена замена, кој ќе биде резервна опција за напаѓач во отсуство на стрелецот на тимот, Карим Бензема, пишува „АС“.

– Ова е Марко Асенсио, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона, поради неговата сериозна повреда минатото лето. Сепак, тој тренира на исто ниво со неговите соиграчи по продолжувањето на тренинзите и ќе му биде на располагање на неговиот тренер за преостанатите натпревари од кампањата, стои во соопштението.

Офанзивниот играч е многу убедлив под водство на Зидан, потсетува публикацијата.

Во 2016/17 година со своите 10 гола тој беше шестиот најдобар стрелец за екипата, иако беше едвај 17 по одиграни минути.

Следната сезона шпанскиот репрезентативец беше уште подалеку во топ-листата со стрелци на Мадрид – на четвртото место со 11 голови, заостанувајќи само зад тогашното sвездено трио на Реал – Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Бензема.

Тогаш тој беше 13 во тимот по одиграни минути.

Поради оваа статистика Зизу верува дека 24 годишниот фудбалер може да постигне повеќе од 20 голови по сезона, доколку е стартер во својот тим.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра