Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

Од:

Се поизвесно е дека Зинедин Зидан ќе биде нов селектор на француската репрезентација и дека ќе го замени долгогодишниот стратег на Триколорите, Дидие Дешам.

Ова е нешто што долго се чека бидејќи Зидан се наметна како природен наследник на поранешниот легендарен фудбалер на Марсеј и Јувентус.

Зизу е во финални преговори со националниот сојуз, а како што пренесува Mozzart Sport, тој ќе има еден многу интересен детал во договорот.

Договорот на Зидан ќе нема датум на истекување.

Тоа значи дека ќе биде договор на неопределено време, што не е многу вообичаено во модерниот фудбал.

Францускиот фудбалски сојуз не гледа проблем во тоа што Зидан е без работа три и пол години, но не е исклучено по два мандати во Реал Мадрид всушност да чекал повик во репрезентацијата.

Со Кралскиот клуб освои три титули во Лигата на шампионите заедно со два купа во Ла Лига.

Како играч стана светски првак во 1998 година.

Тој со години живее во Мадрид.

Би можело да ве интересира

Меси: Отсекогаш му се восхитував на Зидан, иако тој е од Реал Мадрид

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

Франција го издрибла Зидан, Дешан ќе остане селектор до 2026 година

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски