Зидан пет години ја чекаше шансата со „Триколорите“: Ги одбив сите понуди поради оваа работа!

Од:

Зинедин Зидан денеска беше официјално претставен како нов селектор на француската репрезентација, со што го започна својот мандат на клупата на „Триколорите“ во Париз, како наследник на Дидие Дешамп.

Легендарниот француски стручњак потпиша четиригодишен договор со Француската фудбалска федерација, а за време на претставувањето откри дека со години ја чекал можноста да ја преземе репрезентацијата.

Претседателот на Федерацијата, Филип Диало, изјави дека првите разговори со Зидан ги водел уште во февруари 2025 година, кратко откако Дешамп објави дека ќе ја напушти селекторската функција по Светското првенство во 2026 година.

На почетокот на прес-конференцијата, Зидан упати порака за поддршка до пожарникарите кои се борат со големите шумски пожари во југозападна Франција, а потоа му се заблагодари на својот претходник за сè што направил за репрезентацијата.

Разговорот за неговата тренерска иднина и петгодишната пауза по заминувањето од Реал Мадрид привлече посебно внимание.

„Ги одбив сите други понуди поради француската репрезентација, бидејќи тоа е единствената работа што сакав да ја работам по моето искуство во Реал Мадрид. Единственото нешто што ме мотивира е можноста да работам со овој тим и тој да продолжи да победува“, рече Зидан.

Трикратниот освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид додаде дека денот на неговото претставување како селектор на Франција е најдобриот момент во неговата тренерска кариера.

Зидан сега ја има задачата да го продолжи успешниот период што го одбележа Дидие Дешамп и да се обиде да ја одведе Франција до нови трофеи во следниот четиригодишен циклус.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

Порто со понуда за Буфон