Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го освоија Супер купот на УЕФА што се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.
По дуелот тренерот на „кралскиот клуб“ Зиндеин Зидан изјави:
– Завршивме голема работа. Во првиот дел бевме, одлични, а потоа имавме и послаб дел од играта, но најважно е дека титулата доаѓа во Мадрид. Екипата и тимскиот дух се нашиот адут. Имаме квалитет, но имаме и други позитивни атрибути. Кристијано Роналдо има само три дена тренинзи, но најважно е што дојде тука. Играше десетина минути и тој има придонес во освоениот трофеј.
Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, кравањето на победничкиот пехар му стана навика:
– Ова е одличен начин да се почне сезоната. Не му дозволивме на противникот (Манчестер Јунајтед) да ја наметне неговата игра. Никогаш нема да бидам уморен од кревање пехари. Важно е што доминиравме и освоивме уште еден пехар.
За Реал Мадрид ова беше четвртиот освоен Супер куп на УЕФА.