ЖРК Вардар го победи Заечар

Од:

Женскиот ракометен клуб Вардар вечерва во  Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје го совлада тимот на Заечар со 32:29. Ова беше последниот натпревар од оваа календарска година во рамките на женската Регионална лига.

Клучната предност ЖРК Вардар ја направи по само осум минути игра кога поведе со 7:0, а на полувреме замина со позитива од пет голови (20:15). Во второто полувреме Заечар стигна и до изедначување 21:21 во 39.минута, но домаќинките предводени од најефикасната на овој меч Марина Дмитровиќ која постигна вкупно 13 погодоци, успеаја да ги освојат бодовите.

ЖРК Вардар СЦБТ настапи без првиот голман Ина Суслина која се опоравува од повредата на коленото и без десниот бек, Андреа Кликовац. Иако беше на клупата, на поштеда на овој меч беше и пикерот Марија Лојпур.

За екипата на ЖРК Вардар СЦБТ ова е втора победа во Регионалната лига, а за Заечар втор пораз од пет одиграни натпревари.

По празничната пауза, следниот натпревар од Регионалната лига, прв во 2013 година, ЖРК Вардар ќе го одигра на 12 јануари против ЖРК Металург.

Табела: Будуќност 12 бода (7 натпревари), Подравка 10 (5), Локомотива 8 (7), Металург 8 (7), Заечар 6 (5), Вардар СЦБТ 4 (6), Јагодина 2 (6), Бисери 0 (7).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ