ЖРК Металург очекувано елиминиран од Турингер

Од:

Женскиот ракометен шампион на Македонија Металург ги заврши настапите во еврокуповите откако попладнево и во реваншот од осминафиналето загуби од германската екипа Турингер. Натпреварот се одигра во Нордхаусен, а Турингер победи со 32:24 (15:10).

На првиот натпревар вчера беше 29:11 или вкупни 61:35.

Најефикасна на натпреварот и денеска беше ракометарката на Металург Мирјета Бајрамовска, која постигна 13 голови.

Останатите голови за Металург ги постигнаа Драгица Митрова 4, Душица Ѓорѓиевска 3, Симона Грозданоска 2, а Робертина Меческа и Симона Николовска постигнаа по 1.

Во редовите на Турингер најмногу голови постигна Надја Надгорнаја вкупно 7.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он