Центарот на Чикаго Булс, Французинот Жоаким Ноа е дефанзивен играч на годината во НБА лигата за сезоната 2013/14, пренесуваат прекуокеанските медиуми.
Тој стана алфа и омега во тимот на Чикаго по трејдот на Луол Денг во Кливелнд и повредата на Дерик Роуз.
Чикаго дозволуваше 95.6 поени на 100 поседи кога тој е на паркетот, а вкупно 97.8.
Неговото влијание на теренот беше огромно, слично на бековите, што говорат и неговите бројки, оствари дури 4 трипл-дабла оваа сезона.
А во просек бележеше 12,6 поени, 11,3 скока, 5,4 асистенции (беше лидер во тимот во оваа статистичка категорија, единствено досега Олајџувон (центар) успеал да го стори тоа), 1,5 блока и 1,2 украдени топки.
По Мајкл Џордан од 1987/88, Ноа е првиот играч на Чикаго кој ја освоил оваа награда.
Други признанија који ги освојувале играчите на Чикаго во пост Џордан ерата се:
Елтон Бренд 1999/00 (Дебитант на годината)
Бен Гордон 2004/05 (Шести играч на сезоната)
Дерик Роуз 2008/09 (Дебитант на годината)
Дерик Роуз 2010/11 (Најкорисен играч на сезоната)