Жестоки навреди за Салах затоа што со семејството се сликаше пред божиќна елка

Од:

Мохамед Салах објави фотографија на Инстаграм со сопругата и децата пред елката и напиша „Среќен Божиќ“. Во коментарите се огласија бројни следбеници на исламската вероисповед, кои ја навредуваа ѕвездата на Египет и Ливерпул затоа што слави христијански празник.

„Мислев дека си пример и најдобар амбасадор на твојата вера. Не го очекувавме ова, дека ќе го навредуваш Бога. Не ја продавај евтино својата вера”, “Брате муслиман, многу те сакаме, но ние сме изненадени што го славите Божиќ“, „Ги имитирате Роналдо и Меси, но запомнете дека тие се христијани. Но, која е вашата вера? Тие никогаш не ја слават вашата“ и „Не срамете ја нашата религија“ се само дел од коментарите.

Салах објави слични фотографии и претходните две години и ги доби истите коментари.

Објавата за оваа година има повеќе од 2,8 милиони лајкови.

Би можело да ве интересира

Салах ќе „паузира“ неколку недели

Горан Наумовски

Салах: Сакам да го освојам Африканскиот куп на нации, сакам да играм за Египет

Ливерпул одби 150 милиони фунти за Салах

Салах: Натпреварот со Јунајтед ќе биде посебен за сите навивачи

Салах преговара за нов договор и неделна плата од 360.000 евра

А1он

Салах најдобар во избор на навивачите

А1он