Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ од Тетово денеска одржа пригодно претставување на сите шест нови интернационални и домашни засилувања на екипата. Претставниците на новото раководство посочија дека идејата е на долг рок да се обезбеди пласман на европски натпревари, а целта е што поголема мотивација кај младите и создавање на силна екипа преку сопствената школа.
– На краток рок се овие засилувања. Клубот не може да опстои со повеќе од пет-шест интернационални и домашни засилувања. Овие засилувања се донесени со цел, посебно атрактивните Бразилки, да се подигне свеста кај девојчињата за женскиот фудбал. Сега е ова овие засилувања се во таков период каде што приморани да го подигнеме нивото на квалитетот да останеме во лигата. Секогаш клубот ќе има 4-5 интернационални засилувања меѓутоа базата секогаш ќе биде од нашата школа, изјави Драгољуб Јовановски, потпретседател на ЖФК „Љуботен“.
Школата за деца брои околу 30 девојчиња, а идејата е да прерасне во еден центар за млади фудбалерки.
– Затоа е тука спортскиот директор да регрутираме кадар, како што ќе регрутираме кадар од нашиот град така и од нашата држава, Се што е добро, младо млад кадар и добар што има просперитет да го придобиеме во нашите редови. Тоа е целта. Околу интересот се надеваме дека има меѓутоа ќе покаже теренот во наредниот период. Подготовките ги стартуваме денес, школата почнува од денес да врши упис и да работи и за месец дена два ќе видиме фидбек. Се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста кај младите девојчиња за спорт, за фудбал. Која има талент за фудбал е релативно прашање поготово кај женските но воопшто да се бават со спорт тоа е добра работа, рече Јовановски.
Новиот начин на работа започна со ангажирање на Небојша Бреѓан од Србија на позицијата спортски директор.
– Лесно се договоривме, мојата визија е да имаме една систематски квалитетна работа и ако има клуб на здрави нозе, со квалитетни луѓе на терен и во управа. Краткорочна цел е да се обезбеди опстанок во Првата лига и не мислам дека тоа треба да се доведе во прашање со оглед на квалитетот на фудбалерки кои се дојдени и тие што се тука. Повисоките цели се да се постават темели и систем и верувам дека наредната сезона ќе бидеме конкуретни за самиот врв на табелата и излез во Европа, рече Бреѓан.
Во клубот пристапија Сенада Муратовиќ од Босна и Херцеговина, Анѓела Миловановиќ од Србија, како и Бразилките фудбалерките Таила Гомерс Фариас и Ана Бетриз Тарантино Гуилермо Салино или со прекар Роналдиња. Од овдешните клубови пристапија голманката Магдалена Лековска и Соња Митревска.
– Со Хореила Сореле од Камерун имаме договор, но не можеме да и обезbедиме виза и затоа не тука. Технички услови за визата ако се успее ќе дојде и таа. Условот е 15 февруари ако се успее да дојде ќе биде претставена, а ако не ќе биде продолжен до јуни договорот со цел да успее да се земе визa, рече Јовановски.
По официјалната промоција фудбалерките заминаа на првиот тренинг. Планирани се пет пријателски натпревари до 17 февруари, од кои три на 13 и 14 февруари во Србија.