Екипата на Пескара го победи македонскиот шампион Железарец со 2:0 во дуелот од 1.коло во елитната рунда од УЕФА Футсал купот.
Домаќините кои важеа за големи фаворити на оваа средба успеаја да забележат победа благодарение на два брзи гола на почетокот на натпреварот. Најнапред во 3.минута Калдероли погоди за 1:0, а четири минути подоцна Реша го постави конечниот резултат.
Во продолжение од мечот следуваа уште неколку убави шанси за италијанскиот тим, но голманот на Железарец Антонио Петровски кој имаше 21 успешна одбрана на оваа средба не дозволи повторно да биде совладан.
На другиот дуел од првата рунда во Б групата, Тулпар и Хале Гоик одиграа нерешено 2:2.
Табела:
1.Пескара 3 бода,
2.Тулпар 1,
3.Хале Гоик 1,
4.Железарец 0.
Попладне од 17 часот и 30 минути Железарец го игра вториот натпревар од оваа група, противник ќе му биде Тулпар од Казахстан.