Македонскиот првак во футсал Железарец има одлична шанса да го освои второто место во групата Б од „елитната фаза“ на Футсал купот на УЕФА. Во оваа фаза на натпреварување играат 16-те најдобри екипи од Европа.
Железарец вчера во дуелот од 2.коло ја победи екипата на Тулпар со 6:4 во натпревар со пресврти. По водството на Железарец од 2:0, ривалот поведе со 3:2 и 4:3, но сепак нашиот шампион успеа да стигне до триумф од 6:4. На вториот дуел од групата домаќинот Пескара го совлада белгискиот тим Хале Гоик со 4:2. Денеска во рамките на групата Б во Пескара е слободен ден.
По двете одиграни кола Пескара го обезбеди првото место и пласман на завршниот турнир каде ќе играат победниците на четирите групи.
Железарец со три бодови се наоѓа на второто место на табелата, додека Тулпар и Хале Гоик имаат по еден бод. На нашиот тим потребно му утре во рамките на последното коло да не го загуби дуелот и со тоа ќе го потврди второто место во групата.
Почетокот на дуелот Железарец – Хале Гоик е во 17:30 часот, а потоа следи и последниот натпревар Пескара – Тулпар.