Македонскиот првак во футсал Железарец синоќа забележа победа над шампионот на Израел Бен Гурион со 3:2 и се пласира во групната фаза од Футсал купот на УЕФА.
Гостите први поведоа, потоа Железарец постигна три погодоци, за на крајот Израелците да го намалат резултатот.
Головите за Железарец ги постигнаа Тебул (автогол), Таулант Исмаили и Адријан Мицевски.
Македонскиот шампион ќе игра во Групата 4 во Братислава, Словачка.
Турнирот ќе започне на 29 септември, а противници ќе му бидат домаќинот Сиов-Матиц Братислава, Ајндховен (Холандија) и Сиеви (Финска).